Трамп на шега ги предупреди мисирките, Грашак и Морковче, дека и покрај тоа што тој со претседателски указ ги спаси да не завршат на празничната трпеза, можеби сепак ќе им одговараат на демократите.
Како што рече на шега, тие од јануари ќе имаа мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгред, а веќе, додаде, ветиле дека ќе ги истражат сите негови одлуки и деловни ангажмани.
Белата куќа на интернет организираше натпреварување на „навивање“ за двете мисирки за да се утврди која ќе биде помилувана, а Трамп прво објави дека „среќна птица“ е Грашак, а потоа одлучи двете да ги помилува.
Уште претседателот Џорџ Буш Постариот воведе традиција на годишно помилување на мисирки и тоа во 1989 година кога го поштеди животот на една мисирка која беше тешка 23 килограми.
Трамп Денот на благодарноста ќе го помине со семејството на неговиот имот на Флорида.