Трамп поддржува построги проверки при продажбата на оружје
Американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржа иницијативата да се зајакне сојузната проверка на податоци на купувачите на оружје во САД, после минатонеделниот масакр во кој беа убиени 17 лица во средното училиште на Флорида, соопшти Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека Трамп минатата недела разговарал со републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин за предлог закон, кој го изработил заедно со демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи, долгогодишен борец за построга контрола на продажба на оружје. Разговорот бил фокусиран на подобрување на проверката на податоците за купувачите, а било договорено и уште еднаш да се преговара за деталите за тој законски предлог.
Со оваа мерка не би се вовеле нови рестрикции на купувањето оружје, туку наместо тоа властите би се обиделе да обезбедат информациите за менталното здравје и за претходните кривични дела со кои поединците правно би се спречиле да купат оружје, доследно и постојано да се испраќаат во национална база за податоци - Национален систем за моментална проверка на кривичната биографија.
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир