Трамп одби втора дебата со Харис

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема да учествува во друга дебата со демократската ривалка Камала Харис пред изборите на 5 ноември.
Неколку анкети покажаа дека актуелната потпретседателка го победи Трамп во дебатата.
– Трета дебата нема да има, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут социјал“ (Truth Social) по учеството на дебатата против претседателот Џо Бајден во јуни и Харис оваа недела.
Дебатата од пред три дена ја следеле 67,1 милиони гледачи.
Иако Трамп го пофали својот настап во вторникот, шест републикански донатори и негови тројца советници рекоа дека сметаат дека Харис победила во дебатата, најмногу затоа што Трамп не успеал да ги пренесе своите идеи и позиции.
Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, меѓу гласачите кои слушнале барем нешто за дебатата, 53 отсто сметаат дека Харис победила, а 24 отсто Трамп.
Анкетата покажува и дека 54 отсто од запишаните гласачи сметаат дека една дебата меѓу двајцата била доволна, додека 46 отсто посакуваат уште една.
Анкета на ЈуГов покажува дека 54 отсто од анкетираните сметаат дека Харис е победник, а 31 отсто дека Трамп бил подобар.
Откако Трамп објави дека нема да има нова дебата, Харис на митингот рече: „Верувам дека им должиме на гласачите уште една дебата“.
Ново на Сител
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
