Трамп објави дека „е можен“ мировен договор со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека Иран сака да склучи договор за крај на војната која почна со американско-израелските напади врз Техеран на 28 февруари, и оти тој договор „е можен“.
Трамп не даде повеќе детали на оваа тема.
Во меѓувреме, катарска посредничка делегација заминала за Техеран на преговори со министерот за надворешни работи на Исламската Република, Абас Арагчи, околу потенцијален договор со Вашингтон, соопшти официјален претставник.
Во моментов се разгледува варијанта на нацрт-договор меѓу САД и Иран, за кој се воделе разговори во последните 8 дена, додал изворот.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, увери дека тој и претседателот Доналд Трамп се „прилично оптимистични“ во врска со постигнувањето договор што би ѝ ставил крај на војната со Иран.
– Водевме неколку конструктивни разговори со Иранците – изјави Венс истакнувајќи дека претходно разговарал и со Трамп.
– И претседателот и јас сме прилично оптимистични во врска со перспективите за евентуално постигнување договорена спогодба – додаде американскиот потпретседател, без да посочи конкретен временски рамка.
МИА
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
