Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не знае доволно“ за нападот врз основно училиште во Иран, за кој Техеран тврди дека во него загинале најмалку 168 лица, но додаде дека е подготвен да „живее“ со резултатот од американската истрага за инцидентот.
Видео-снимка направена од блиска зграда за време на нападот на САД во таа област, објавена од иранските медиуми, покажува како ракета од американско производство „томахавк“ удира во зграда во близина на женско училиште, изјавија експерти за телевизијата Еј-Би-Си њуз.
Трамп навести дека е можно ракетата да била „томахавк“ истрелана од Иран, нагласувајќи дека тоа оружје се произведува во САД, но се продава и на други држави.
- Но, тоа сега се истражува. Едноставно не знам доволно за тоа. Мислам дека ми беше кажано дека случајот е под истрага. ‘Томахавк’ користат и други земји. Бројни држави ги имаат тие ракети – ги купуваат од нас. Но, без разлика што ќе покаже истрагата, подготвен сум да живеам со тој извештај - изјави Трамп.
Американската војска минатата сабота, на 28 февруари, гаѓаше цели во Иран во подрачјето каде што било погодено основното училиште, при што загинаа десетици деца, изјавија претходно две лица запознаени со првичните наоди од истрагата.
Анализа на сателитски снимки на Еј-Би-Си њуз покажува дека училиштето „Шаџаре Тајебех“ во градот Минаб се наоѓало во близина на комплекс на Корпусот на исламската револуционерна гарда, но било одвоено од него пред повеќе од една деценија.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во неделата, во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си, ја отфрли изјавата на Трамп дека Иран стои зад нападот врз основното училиште за девојчиња.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
