Трамп не сака да ги осиромаши американските залихи од ракетите „Томахавк“
Доналд Трамп синоќа изјави дека САД не можат да ги „осиромашат“ сопствените резерви од ракети „Томахавк“, кои Украина бара од САД да ги обезбедат за да одговорат на руските напади.
„Не можеме да ги осиромашиме (резервите) на нашата земја“, рече американскиот претседател како одговор на новинарско прашање за тие крстосувачки ракети.
„Ни требаат, па не знам што можеме да направиме“, додаде тој.
Трамп денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, кој веќе побара од Америка да ѝ ги обезбеди тие ракети.
Пред средбата со Зеленски, Трамп синоќа телефонски разговараше со својот руски колега, претседателот Владимир Путин, со кого, како што рече, а потврди и Кремљ, беше договорено наскоро да се сретнат во главниот град на Унгарија.
На новинарите во Белата куќа тој им соопшти дека планира да се сретне со Путин во „следните две недели“ и дека имал „многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател.
Трамп, исто така, рече дека ќе му пренесе на Зеленски што разговарал со Путин.
Ново на Сител
-
Милошоски: Убедливо победуваме, по 20 години ќе добиеме градоначалник во Струмица
-
Иван Јорданов: Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, благодарам мој Штип!
-
Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто
-
Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ
-
Ако денеска не се избере градоначалник, втор круг на изборите ќе има на 2 ноември
-
Сиљановска-Давкова: Очекувам уште денеска да знаеме како се движат работите
-
Заврши гласањето, почнува броењето
-
Филипче: Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори