Трамп не ја исклучува можноста да биде независен кандидат за претседател на САД
Американскиот милијардер Доналд Трамп не ја исклучи можноста да се јави како независен кандидат на претседателските избори во САД во 2016 година, ако не биде номиниран од Републиканската партија.
При отворањето на првата тв дебата меѓу десеттемина најодобрувани кандидати за републиканската номинација, организирана од Фокс њуз, новинарката ги запраша учесниците: „Кој нема намера да вети дека ќе се ангажира да го поддржи кандидатот на Републиканската партија и нема да се јави како независен кандидат против него?“
Трамп единствен крена рака. - Нема да го ветам тоа во оваа фаза, изјави бизнисменот, кој води во анкетите меѓу републиканските кандидати.
Ако Трамп учествува во трката за Белата куќа како независен кандидат, тоа веројатно ќе ги раздели гласовите на републиканците и ќе ги зголеми шансите за победа на Хилари Клинтон или друг претставник на Републиканската партија, сметаат аналитичарите.
Ново на Сител
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон