Трамп навести истрага против Сорос
Американскиот претседател Доналд Трамп, навести дека неговата администрација би можела да покрене истрага за рекетирање против Џорџ Сорос или неговото семејство, обвинувајќи го за финансирање на протести, јавија локалните медиуми.
Трамп за „Фокс енд френдс“ рече дека демонстрантите добиваат плата за својата работа од Сорос и други луѓе и дека верува дека ова е случај што спаѓа под Законот за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации.
Изјавата на Трамп доаѓа само неколку дена откако во еден луксузен ресторан во Вашингтон се соочи со демонстранти кои извикуваа „ослободете ја Палестина“ и го нарекуваа претседателот Хитлер. Тоа што тие знаеја дека Трамп во тоа време е во ресторанот предизвика загриженост за безбедноста во Белата куќа, коментираат американските медиуми.
-Ќе го испитаме Сорос, бидејќи мислам дека тоа е случај против него и други луѓе, според Законот за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации“, рече Трамп. „Бидејќи ова е повеќе од протести. Ова е вистинска агитација“, додаде тој.
Законот за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации, познат и како „Закон RICO“, обично се користи за гонење на организиран криминал.
Портпарол на Фондацијата Отворено општество рече дека организацијата „не поддржува ниту финансира насилни протести“ и оти тврдењата за спротивното се лажни, а заканите против нејзиниот основач и претседател се скандалозни.
Трамп претходно рече дека Сорос „и неговиот прекрасен син на радикалната левица треба да бидат истражени“, иако не беше сосема јасно на кој син мислеше.
Алекс Сорос, еден од синовите на милијардерот, е претседател на одборот на директори на Фондацијата Отворено општество, основана од Џорџ Сорос и една од најголемите и највлијателните добротворни институции во светот.
МИА
Ново на Сител
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
-
Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана