Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам
Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пеколот“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во знак на поддршка за шефот на производителот на електрични автомобили и неговиот сојузник Илон Маск.
Акциите на „Тесла“ се зголемија за речиси четири отсто во вторникот, што претставува закрепнување од најголемиот еднодневен пад во последните четири и пол години, забележан еден ден претходно.
Претседателот Трамп се појави со Маск во Белата куќа за да избере нови возила „Тесла“ за неговиот персонал.
Активистите неодамна ги организираа таканаречените „Протести за рушење на Тесла“ за да го изразат незадоволството од улогата на Маск во големите намалувања на работната сила во федералните институции по налог на Трамп и откажувањето на договорите за финансирање хуманитарни програми ширум светот.
Маск, најбогатиот човек во светот, раководи со Одделот за владина ефикасност (DOGE) во администрацијата на Трамп.
Портпаролот на Белата куќа, Харисон Филдс рече дека „грозоморните акти на насилство врз ‘Тесла’ од страна на радикалните левичарски активисти не се ништо помалку од домашен тероризам“.
Ново на Сител
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска