Трамп на Твитер: Помала турканица низ Вашингтон отколку што се очекуваше
Во време кога стотици илјади Американци протестираат по улиците во градовите низ САД против полициската бруталност, претседателот Донал Трамп има малку поинакво мислење, тврдејќи дека во Вашингтон има „помала турканица отколку што би требало да се очекува“.
“Многу помала турканица во Вашингтон отколку што се очекуваше. Националната гарда, тајната служба и полицијата во Вашингтон прават фантастична работа. Им благодарам”, твитна Трамп, опишувајќи го тоа што се случува на улиците низ САД повеќе од 10 дена.
Граѓаните, револтирани од неговите твитови, одговорија со објавување на снимки и фотографии од улиците на САД преплавени со демонстрантите.
„Има повеќе луѓе отколку на неговата инаугурација“, коментираше еден од твитерџиите.
Трамп, исто така, ги обвини телевизиите Си-Ен-Ен и Ем-Ес-Ди-Ен-Си за „потпалување“ на демонстрантите, истакнувајќи дека имале среќа што имале многу мала публика.
„Закон и ред“, напиша Трамп, а многу граѓани го искоментараа, од навреди како оние за „Глупавиот и поглупавиот“, па се до сериозни критики и дебати.
Протестите главно минаа без инциденти. Демонстрираа главно одеа мирно со музика, освен во Сиетл каде полицијата се судри со демонстрантите.
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение