Трамп: Му посакувам добро здравје на Ким
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција одговарајќи на прашање за здравствената состојба на Ким Џонг-ун му посака добро здравје на севернокорејскиот лидер.
– Се појавија такви извештаи, но ние не знаеме. Имам многу добри односи со него. Можам само да кажам дека му посакувам да оздрави, бидејќи ако неговата сосотојба е таква како што објавија медиумите, тоа е многу сериозно. Му посакувам и многу среќа, наведе Трамп.
Тој додаде дека се уше никој не ги потврдил медимските наводи, а Си-Ен-Ен прв објави таква вест.
– Кога Си-Ен-ЕН ќе објави нешто, немам големи надежи во тоа, посочи Трамп.
Си-Ен-Ен вчера објави дека САД ги следат информациите на тајните служби според кои лидерот на Северна Кореја е во критична состојба по операцијата на срцето.
Гласините за неговата здравствена состојба беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо на 15 април. Тој последен пат е виден на 11 април на владина седница.
Јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.
Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.
Ново на Сител
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара