Трамп: Москва ги попречува напорите на САД во врска со Пјонгјанг
-
Русија ги попречува напорите на САД да ја оневозможат Северна Кореја да користи нуклеарно оружје, додека Кина ни помага во тоа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој за Фокс Бизнис Нетворк изјави дека полесно ќе се реши проблемот со нуклеарната програма на Пјонгјанг ако САД имаат подобри односи со Русија.
- Кина ни помага, а Русија може оди по друг пат за да го наруши она што ние го постигнуваме, рече Трамп.
Низата тестирања на оружјето во Северна Кореја и сé почестите воинствени изјави на Трамп и на севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун дополнително ги зголемија тензиите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, оценува Фокс Бизнис Нетворк.
Односите меѓу САД и Русија се заладија по наводното мешање на Москва на минатогодишните претседателските избори во САД, потоа, присоединувањето на Крим и поддршката на Русија за сириската влада.
- Мислам дека би можеле да имаме добри односи и мислам дека ситуацијата со Северна Кореја ќе може полесно да се реши, заклучи Трамп.
Ново на Сител
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција
-
Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков
-
Сообраќајна несреќа на патот Скопје - Тетово, едно лице се здобило со тешки телесни повреди
-
При претресот кај Видевски не е пронајден пиштолот за кој имал дозвола
-
777 санкции за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење
-
При претрес во Кочани пронајдено оружје и дрога - приведени две лица
-
Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо