Трамп: Многу скоро ќе се сретнам со Путин
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „многу брзо“ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин откако следната недела ќе ја преземе функцијата.
Тој не го даде рокот за средбата, која ќе биде прва меѓу лидерите на двете земји од почетокот на руската војна со Украина во февруари 2022 година.
Запрашан за неговата стратегија за завршување на војната, Трамп за „Њузмакс“ изјави дека „има само една стратегија и таа зависи од Путин. Не можам да замислам дека е премногу воодушевен од начинот на кој се се одвиваше, бидејќи ни нему не му одеше баш најдобро“.
– Знам дека сака да се сретнеме, и ќе се сретнам со него многу скоро. Ќе го направев тоа и порано, но… прво морам да влезам во канцеларија. За некои работи мора да бидеш таму“, рече тој.
Американскиот конгресмен Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, во неделата изјави дека очекува разговор меѓу Трамп и Путин во „наредните денови и недели“.
Руската инвазија на Украина остави десетици илјади мртви, милиони раселени и ја предизвика најголемата криза во односите меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.
Ново на Сител
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода