Трамп: Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека „многу брзо ќе ја реши“ кризата меѓу Авганистан и Пакистан, и тоа го кажа во време кога во Истанбул се оддржуваше вториот ден од мировните преговори.
„Слушнав дека Пакистан и Авганистан започнаа разговори. Но, ќе го решам тоа многу брзо“, рече Трамп на маргините на самитот на АСЕАН во Малезија, јавија американските меидуми.
Трамп даде изјава за време на потпишувањето на мировниот договор меѓу Тајланд и Камбоџа, додавајќи дека „лидерите на Пакистан се одлични луѓе“.
Државниот медиум на талибанците, РТА (RTA), вчера објави дека, по 15 часа „континуирани разговори“, авганистанската страна доставила нацрт-документ со кој бара Пакистан да го почитува територијалниот интегритет и воздушниот простор на Авганистан и да не дозволи пакистанската територија да се користи за активности против земјата.
Во нацрт-документот, како што се наведува, се предлага формирање на „четиристран механизам за надзор на прекинот на огнот“ и размена на информации за неговите можни прекршувања.
Според РТА, пакистанската делегација го доставила својот нацрт-одговор во саботатавечер.
Втората рунда преговори меѓу делегациите на двете земји започна во саботата во Истанбул, со цел привременото примирје постигнато претходно овој месец во Доха да се претвори во трајна рамка за мир и безбедност.
Пакистанската армија во неделата објави дека убила 25 милитанти за време на „одбивањето на два големи обиди за инфилтрација“ долж границата, дури и додека разговорите во Истанбул беа во тек.
Во судирите наводно биле убиени пет пакистански војници.
Во претходните судири претходно овој месец во Авганистан беа убиени десетици, а ранети стотици цивили.
Пакистан негира дека гаѓал цивилни цели и тврди дека нападите биле насочени кон милитантите и нивните скривалишта.
Две соседни земји, како што објаснуваат американските медиуми, со месеци се во жесток безбедносен спор, обвинувајќи се меѓусебно за агресија за време на вооружениот конфликт претходно овој месец, во кој е регистриран најголем број жртви во последните неколку години.
Судирите предизвикаа загриженост во регионот, каде што екстремистичките групи како Ал Каеда се обидуваат повторно да се активираат.
Пакистан го обвинува Авганистан дека не ги спречува милитантите да ја преминат границата и да напаѓаат пакистански цели, додека властите во Кабул, предводени од талибанскиот режим, ги отфрлаат обвинувањата.
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Пауза во преговорите со Украина
-

Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути, ремонт и на делницата Драчево-Илинден за раст на товарниот сообраќај
-

Кокаин, 488 стебла канабис и цел арсенал оружје пронајден кај 48-годишник од Подмоље
-

Извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените во угостителски објект во Скопје
-

Приведени две лица во Кавадарци, под дејство на алкохол агресивно се однесувале кон полициски службеници
-

Мицкоски: За рекордно време успеавме да ги мобилизираме сите капацитети и започнеме со чистење на Град Скопје
-

За долг од 80.000 денари лихвари во Кавадарци наплатиле 700.000 денари
-

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето
