Трамп конечно се огласи за аферата со порно ѕвездата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знаел ништо за тоа дека неговиот адвокат ѝ исплатил 130 илјади долари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за аферата.
Ова е прв пат Доналд Трамп да даде коментар околу спорната исплата и самата афера. Да потсетиме, Сторми и Трамп наводно пред десетина години имале сексуален однос во хотел и тоа во периодот кога Меланија Трамп штотуку се породила.
На прашањето дали знаел нешто за потегот на адвокатот Мајкл Коен, Доналд Трамп накратко одговори: „Не. Ќе мора да го прашате него".
Мајкл Авенати, адвокатот на порно актерката Сторми Даниелс која што тврди дека во 2006-та година имала сексуални односи со актуелниот американски претседател, кон крајот на март поднесе барање во федералниот суд во Калифорнија дека сака да го испита Трамп и неговит адвокат Коен. Авенати побарал да ги испраша двајцата „не повеќе од два часа".
Во барањето било наведено дека сака да утврди дали Трамп знаел дека на порно актерката ѝ биле исплатени 130 илјади долари за да молчи за односот со него. Коен тврди дека самиот ѝ дал на порно актерката 130 илјади долари и дека Трамп никогаш немал секусални односи со неа.
Меѓутоа, Сторми тврди дека имала сексуални односи со Трамп, како и намера сето тоа да се сокрие. Таа понудила да ги врати 130-те илјади долари за да може слободно во медиумите да говори за својот однос со американскиот претседател и да ги објави фотографиите, пораките или видео снимките „кои што можеби ги поседува".
Ново на Сител
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
