Трамп ќе го предаде својот имот на независна финансиска институција
Со имотот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, за време на неговиот претседателски мандат, ќе управува неименувана независна финансиска институција, со цел да се избегне конфликт на интереси. Но, законодавството на САД го нема јасно регулирано тоа прашање во правна смисла, објави Си-Ен-Ен.
Нема специјален закон околу тоа прашање, но се подразбира дека кога претседателот стапува на должност, го предава својот имот на некоја финансиска институција која ќе управува со неговите средства, за да ја елиминира секоја можност од конфликт на интереси. Притоа некои експерти се повикуваат на членот од Уставот на САД, што забранува на претседателите да прифаќат подароци од странски држави. Тука се поставува прашањето - дали може приходите, коишто Трамп ги добива од своите фирми во странство, да се сметаат како „подарок" , се нагласува во репортажата на Си-Ен-Ен и се додава дека експертите по уставно право ќе треба да се изјаснат по тоа прашање.
Списанието „Форбс" го проценува богатството на Трамп на 3,7 милијарди долари.
Според податоците од „Tрамп Oрганизејшн“, чијшто претседател е Доналд Трамп, компанијата располага со облакодери во Турција, Филипините и Уругвај, потоа - со голф клубови во Шкотска, Ирска и Обединетите Арапски Емирати, со хотели во Канада, Ирска и Панама, како и со хотели во изградба во Бразил и Канада.
Во меѓувреме, федералните воздухопловни власти на САД вчера ја прогласија областа околу кулата „Трамп тауер" за зона забранета за прелетување. Таа се наоѓа на Петтата авенија во Менхетн - срцето на Њујорк. Во зградата се наоѓа седиштето на бизнис империјата на штотуку избраниот претседател. Зоната е со радиус од околу 3,5 километри и над неа се забранети прелети на какви било пилотни и беспилотни летала на висина помала од 5.550 метри. Исклучок се прави само за воената авиација, за вонредна состојба и за Тајната служба на САД, којашто ги обезбедува првите луѓе во државата, вклучително и претседателлот.
Забраната ќе трае до 21 јануари идната година, еден ден откако Трамп ќе положи заклетва и ќе се пресели во Белата куќа во Вашингтон.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп