Трамп ќе ги прогласи Русија и Кина за ривали на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска би требало да ја претстави новата национална безбедносна стратегија, во која се очекува да ги прогласи Русија и Кина за држави-ривали на САД.
Во објавените извадоци од предложената стратегија пишува дека Русија и Кина се ангажираат да ја направат економијата помалку слободна, ги јакнат своите вооружени сили и капацитетите за контрола на текот на информациите, за да вршат репресија врз своите граѓани.
Двете држави ќе бидат означени и како „ревизионистички сили“ кои работат на поткопување на американската безбедност и просперитет.
Стратегијата, првпат по подолго време, нема да ги вброи климатските промени како безбедносна закана. Трамп презема мерки за да ги запре активностите започнати од страна на неговиот претходник Барак Обама за ограничувањето на климатските промени.
Во новата стратегија ќе биде предвидено дека САД ќе работат на обезбедување на својата енергетска сигурност и економскиот развој, со заштита на животната средина.
Ново на Сител
-

Муцунски по извештајот на ЕК: До крајот на годинава ќе има реформи во правосудството
-

Проблемот со недостиг на лекови на онкологија ќе се решава со законски измени
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Трагедија во Тузла
-

Филипче: Остануваме слепо црево на Балканот - Владата нема капацитет да ја води државата
-

Експерти: Критиките на ЕУ за судството и корупција се очекувани, како до позитивни оценки?
-

Македонија се оддалечува од стандардот на ЕУ, нема напредок во клучните економски реформи
-

Влошени прогнозите за инфлација, подобрени за раст на економијата
