Трамп ја откажа средбата со Талибанците
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ја откажал денешната тајна средба, која требаше да се одржи со талибанците и авганистанските власти во Кемп Дејвид.
Тој на Твитер напиша дека состанокот е откажан поради нападот на Талибанците во четвртокот во Кабул, во кој загинаа 11 лица, меѓу кои и еден американски војник.
Трамп изјави дека ги „откажал мировните преговори“, прашувајќи се кој би„убил толку многу луѓе за навидум да ја зацврсти својата позиција“ во преговорите. Тој додаде дека ако Талибанците не можат да го почитуваат прекинот на огнот за време на преговорите, тогаш „тие веројатно немаат моќ“ да преговараат за мировен договор.
Нападот се случи во време кога САД и Талибанците се надеваа дека ќе бидат близу до постигнување мировен договор.
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода