Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху не влијаеле врз неговата одлука да го нападне Иран.
Трамп со ова одговори на медиумските написи дека Израел го убедил да го изврши нападот врз Иран на 28 февруари оваа година.
На својата социјална мрежа Truth Social, тој напиша дека пресудни биле последиците од нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година, како и неговиот долгогодишен став дека Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје.
Американскиот претседател најави дека резултатите во Иран ќе бидат „неверојатни“, додека американска делегација е веќе на пат кон Исламабад за обнова на преговорите.
„И ако новите лидери на Иран (промена на режимот!) се паметни, Иран може да има одлична и просперитетна иднина!“, порача Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
