Трамп испрати закана до Кина: САД ќе воведат повисоки царини за кинески производи
Од Министерството за надворешни работи на Кина соопштија дека кинеските преговарачи се подготвуваат да отпатуваат во САД на следен круг трговски разговори. Претходно претседателот на САД, Доналд Трамп се пожали дека процесот трае предолго и се закани дека ќе воведе повисоки царини на милијарди долари кинески производи.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Генг Шуанг пред новинарите кажа дека Кина „се обидува да добие повеќе информации“ за коментарите на Трамп во врска со новите царини.
Генг не прецизираше дали највисокиот кинески трговски преговарач, вицепремиерот Лиу Хи е меѓу оние кои ќе допатуваат во Вашингтон неделава.
Трамп во неделата на Твитер напиша дека: „Трговските преговори со Кина напредуваат пребавно, затоа што тие се обидуваат да направат ревизија на веќе договореното. Не!“
Денес Трамп повторно се пожали за трговскиот дебаланс:
„САД во период од неколку години губат од 600 до 800 милијарди долари годишно, а со Кина губиме 500 милијарди долари. Се извинувам, но тоа повеќе нема да се случува.“
Трамп рече дека ќе ги зголеми постојните царини од 10 проценти на кинески производи вредни 200 милијарди долари на 25 проценти и ќе воведе нови царини за уште 325 милијарди други производи.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд