Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека Иран бил жестоко нападнат, тврдејќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади.
Трамп вели Иран им се извинил на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека нема повторно да ги нападне.
- Ова ветување е дадено само поради континуираните напади на САД и Израел, напиша Трамп.
Тој додаде и дека Иран претходно се обидел да ја преземе контролата врз Блискиот Исток, но сега, како што тврди, за прв пат во својата историја е поразен од соседните земји.
Во објавата, Трамп употребува остра реторика, нарекувајќи го Иран поранешен „насилник на Блискиот Исток“, кој сега стана „губитник во регионот“.
Тој се заканува и со нови напади, наведувајќи дека се разгледуваат дополнителни цели кои претходно не биле на листата.
- Поради лошото однесување на Иран, сериозно се разгледува целосно уништување на одредени области и групи кои до овој момент не се сметаа за цели, наведува Трамп.
Неговата објава доаѓаат откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно изјави дека Техеран одлучил да ги прекине нападите врз соседните земји, освен ако нападите врз Иран не бидат извршени од нивна територија.
Во исто време, Иранската револуционерна гарда (ИРГК) предупреди дека сите американски и израелски воени бази и интереси во регионот ќе се сметаат за примарни цели доколку продолжат нападите врз Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
-

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот
-

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година
