Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО).
Како што објави „Си-Ен-Ен“, со тоа практично им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува американската телевизија, на вработени во Националниот институт за алергии и заразни болести им е забрането да комуницираат со СЗО.
Тој институт со децении го предводеше д-р Ентони Фаучи, кој беше активно вклучен во одредувањето процедури за третман при големи јавноздравствени закани како ХИВ/СИДА и Ковид-19.
Забраната била воведена при појавата на епидемија на хантавирус, а подоцна некои од ограничувањата биле делумно олабавени по информациите за епидемија на ебола во ДР Конго.
Во моментов на дел од американските службеници им е дозволено да учествуваат на состаноци на СЗО, но само во мал број и исклучиво како „слушатели“, додека сите официјални одговори мора да одат преку хиерархијата на американското Министерство за здравство.
Според извештајот, таквите ограничувања ја отежнуваат брзата меѓународна соработка во време на здравствени кризи.
Повеќе сегашни и поранешни здравствени службеници за „Си-Ен-Ен“ изјавиле дека ситуацијата претставува сериозна пречка при реагирање на нови епидемии.
Во текстот се наведува и дека таквата политика е дел од одлуката на админстрацијата на Трамп за повлекување на САД од меѓународни здравствени форуми, при што се спомнува и институционален вакуум во неколку клучни американски здравствени агенции.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
