Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата.
На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити).
Освен тоа, делумно ќе биде ограничен влез за државјани од уште седум земји: Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.
– Претседателот Трамп го исполнува своето ветување за заштита на Американците од опасни странски актери кои сакаат да влезат во нашата земја и да им наштетат, напиша на X портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон.
Белата куќа соопшти дека забраните ги погодиле оние земји кои претставуваат „висок безбедносен ризик за САД“.
Сличен потег Трамп направи и во својот прв мандат, кога објави забрана за влез на патници од седум земји со мнозинско муслиманско население. Но, таа одлука беше укината од поранешниот претседател Џо Бајден во 2021 година, нарекувајќи ја „дамка на совеста на американската нација“.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета