Трамп и Путин се сретнале два пати на годинешниов Самит Г20 во Хамбург
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се сретнале два пати на Самитот Г20, во Хамбург, а не еднаш како што тоа досега се веруваше.
Белата куќа синоќа ја потврди втората средба, но не соопшти некакви други детали, освен дека таа траела околу еден час и дека на неа присуствувал само службениот преведувач на рускиот претседател.
Соопштението на Белата куќа уследи откако весникот „Вашингтон Пост“ откри дека во Хамбург имало и втора средба, за која никој досега не занеше, по што за тоа пишуваа и другите американски медиуми.
Средбата се случила за време на еден оброк во текот на Самитот.
Претседателот Трамп станал од своето место и седнал на празниот стол до рускиот претседател. Трамп дошол сам, додека на Путин му се приклучил само неговиот преведувач. Засега не се знае што двајцата претседатели разговарале.
На првата нивна средба, на маргините на годинешниот Самит Г20, Трамп и Путин меѓу другото разговараа и за сомнежите во Вашингтон за руско мешање во американските претседателски избори минатата година.
Оваа средба во Хамбург беше прва средба на претседателите на САД и Русија и таа се случи во време кога во Америка во тек е формална истрага за контактите и соработката на Русија и луѓето од тимот на Трамп во текот на минатогодишната изборна кампања.
Ново на Сител
-
Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина
-
Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
-
Важно е да имаме убаво место за живеење | Каја Шукова | Неформално | Sitel Podcast 110
-
ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори