Трамп и Џипинг телефонски разговараа за севернокорејската нуклеарна програма
Кинескиот претседател Кси Џинпинг се заложи за мирно надминување на проблемот со севернокорејската нуклеарна програма за време на денешниот телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп, соопшти кинеската државна телевизија, цитирана од британските медиуми.
- Подготвени сме да одржуваме контакти со САД за ова прашање, изјави Кси Џинпинг во разговорот со Трамп.
Трамп вчера изјави дека е подготвен да го реши проблемот „и без Кина“, потсетуваат француските медиуми.
Во разговорот со Трамп кинескиот претседател, исто така, изјави дека Пекинг се залага за политички пат и мирни преговори за надминување на сириската криза.
- Сплотеноста на Советот за безбедност на ОН е многу важна во решавањето на сирискиот проблем, сметаме на сплотеноста на Советот за ова прашање, подвлече Кси Џинпинг, цитиран од ТАСС.
Ново на Сител
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи