-->
-->
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди властите во Израел да престанат да го кршат прекинот на огнот и да пукаат врз цели во Иран.
„Израел. Не фрлајте ги тие бомби. Ако го направите тоа, тоа е тешко прекршување. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Американскиот лидер претходно изјави дека и Израел и Иран го прекршиле прекинот на огнот што го објави неколку часа претходно и дека не е задоволен од ниту една земја, особено од Израел.
Во разговор со новинарите пред да замине на самитот на НАТО во Хаг, Трамп рече дека Израел „започнал да напаѓа веднаш откако се согласил на договорот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите