Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар
Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа го предупреди Израел да биде внимателен, неколку дена по нападот врз претставници на палестинското движење Хамас во Катар, земја која американскиот претседател ја смета за „многу добар сојузник“.
-Катар е многу добар сојузник. Израел и сите други, мора да бидат внимателни. Кога напаѓате луѓе, мора да бидете внимателни, им рече Трамп на новинарите.
Претседателот на САД додаде дека е „многу незадоволен“ од израелскиот напад извршен во вторникот во Доха, главниот град на Катар каде што се наоѓа политичката канцеларија на Хамас.
Американските дипломати проценија дека нападот нема да влијае на односите со Израел.
Катар е еден од посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што војната беше предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Израелскиот напад, во кој загинаа петмина членови на Хамас и еден член на катарските безбедносни сили, предизвика широка осуда, особено во арапскиот свет.
Катарските власти ја повикаа меѓународната заедница да „прекине со своите двојни стандарди“ кон Израел и да ја казни земјата.
Катар е дом на најголемата американска воена база во регионот.
МИА
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење