Свет
25. January 2017 - 8:50

Трамп го повика индискиот премиер во посета на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика премиерот на Индија Нарендра Моди да ги посети САД во текот на ова година, соопшти вчера Белата куќа. 

Трамп и Моди во телефонски разговор дискутираа и за соработката во областа на економијата и одбраната и безбедноста во јужна и централна Азија.

Трамп нагласи дека Индија е вистински пријател на САД во решавање на глобалните предизвици.

Двајцата државните изразија одлучност дете нации да стојат „рамо до рамо“ во глобалната борба против тероризмот.