Свет
28. November 2019 - 8:46

Трамп го потпиша Законот за поддршка на демонстрантите во Хонг Конг

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот што го усвои Конгресот на САД за давање поддршка на демонстрантите во Хонг Конг и санкции кон кинеските власти.

Трамп ова го направи и покрај острите забелешки на Пекинг со кои инсистира да се постигне договор за завршување на трговската војна, јавија британските медиуми.

Американскиот претседател во вторникот изјави дека е зад демонстрантите во Хонг Конг. Тој на прес конференција кажа дека пораката на Вашингтон е „ ние сме зад нив“.