Трамп го потпиша указот со кој САД имаат приоритет при вакцинирањето
Од страв дека САД може да останат без доволно вакцини, американскиот претседател Доналд Трамп вчера го потпиша указ со кој на домашните коминтенти ќе им се даде предност при доставувањето вакцини против Ковид-19, во однос на извозот во други земји.
-Декретот осигурува дека американската Влада дава приоритет на вакцинирањето на американските граѓани, пред вакцините да бидат испратени во други земји, рече Трамп.
Производителот Фајзер / БиоНТек, чија вакцина против коронавирусот деновиве треба да биде одобрена во САД, има договор за 100 милиони дози наменети за оваа земја.
И вториот производител, Модерна, чија вакцина наскоро треба да биде одобрена и во САД, ги вети истите 100 милиони дози.
Двата договори содржат опција за дополнителни дози, но активирањето на таа клаузула може да ја одложи испораката за неколку месеци.
Ново на Сител
-

Најголемата ноќ во музиката, Греми 2026
-

Приведен 22 годишен битолчанец, управувал возило со 139 километри на час на место каде брзината е ограничена 60
-

Белингам надвор од терените околу еден месец
-

А Бола: Роналдо одлучи да го бојкотира денешниот натпревар на Ал-Наср
-

Случај Епстин: Замрзнати мозоци од Македонија транспортирани во Америка
-

Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
-

Продолжува судењето за „Пулс“ со сослушување сведоци
-

При претреси во Битола пронајдена дрога, уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
