Loading Video...
Свет
3. October 2020 - 16:33

Трамп го лекуваат со експериментален коктел од антитела

Marine One, хеликоптерот на американскиот Претседател Трамп вчера доцна попладне полета од јужниот тревник на Белата Куќа за да го однесе првиот човек на Соединетите држави во воениот медицински Центар Волтер Рид во Мериленд.
Администрацијата на Трамп кој вчера на социјалните мрежи потврди дека е позитивен на Ковид19 информира дека Претседателот има благи симптоми на вирусот. Во видеото објавено од американските медиуми пред трансферот на Трамп може да се види како шефот на американските држави со својот тим се движи кон леталото. Претходно тој на Твитер објави видео во кое вели дека и тој и првата дама се добри.
Веднаш по приемот на американскиот претседател во воената болница главниот доктор во Белта Куќа, Шон Конли соопшти дека 74 годишниот Трамп ќе се лекува со екпериментален лек. Станува збор за коктел од антитела наречен РЕГН КОВ 2 развиен од американската фармацевтска компанија Регенерон на чие тестирање се уште работи и Универзитетот во Оксфорд.  Конли откри дека Трамп веќе ја примил првата доза од 8 грама и дека се чувствува добро. Покрај антителата, Трамп примил и дози на Цинк, Витамин Д, мелатонин и Аспирин како и терапија против киселини во желудникот.
Од Белата куќа велат дека на Трамп не му била потребна кислородна поддршка.
Американските медиуми пишуваат дека 30 годишната Хоуп Хикс советник на Трамп за односи со јавноста го донела вирусот во овалната соба а па покрај Претседателот со него сега е заразена и првата дама која има полесни симптоми.
Веста дека Трамп е префрлен во болница очекувано е топ тема во американските медиуми. Многу од нив го отвораат прашањето зошто првиот човек на САД оди во болница ако има благи симптоми. Инфекцијата во Белата куќа доаѓа на еден месец пред изборите на 3 ноември во екот на предизборната кампања во која Трамп влегува во трка за вториот мандат против демократот Бајден кој според првичните анкети има поголема поддршка од гласачите. Претходно, американскиот претседател во повеќе наврати бараше одложување на изборите поради корона вирусот но конгресот не се согласи со тоа.