Трамп го избра Шон Каран да биде новиот директор на Тајната служба

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за директор на американската Тајна служба.
Каран беше дел од обезбедувањето на Трамп во време на обидот за атентат во Батлер, Пенсилванија, минатиот јули.
„Тој ја демонстрираше својата голема храброст кога го ризикуваше сопствениот живот за да ме спаси од куршум на атентатор во Батлер, Пенсилванија.
Имам целосна и апсолутна доверба во Шон дека ќе ја направи Тајната служба посилна од кога било“, наведе Трамп во изјаватаКаран ќе го замени Рон Роу, кој беше вршител на должноста директор од јули, кога директорката на Тајната служба Кимберли Читл поднесе оставка откако агенцијата беше под лупа и не успеа да спречи потенцијален убиец да го рани Трамп на предизборен митинг.
Куран ја започна својата кариера со Тајната служба во 2001 година како специјален агент во теренската канцеларија во Њуарк.
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
