Трамп го честиташе Денот на благодарност и на „радикално левите лудаци“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп упати честитка за Денот на благодарност, обраќајќи се и до „радикално левите лудаци“.
„Среќен Ден на благодарност за сите, вклучувајќи ги радикално левите лудаци кои толку напорно работеа да ја уништат нашата земја, но не успеаја, и никогаш нема да успеат, бидејќи нивните идеи и политики се безнадежно лоши,“ напиша Трамп на мрежата Икс, користејќи го својот познат слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“ (MAGA).
„Не грижете се, нашата земја наскоро ќе биде почитувана, продуктивна, праведна и силна, а вие ќе бидете горди што сте Американци!“ додаде тој.
Трамп на изборите одржани во почетокот на месецов ја победи демократската потпретседателка Камала Харис. По инаугурацијата на 20 јануари, тој ќе го наследи Џо Бајден во Белата куќа.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
