Трамп: ФБИ ја политизира истрагата за руското мешање во изборите
Претседателот на САД, Доналд Трамп го обвини ФБИ и Министерството за правда дека ја политизираат истрагата за евентуалното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.
- Раководството и истражувачите на ФБИ и на Министерството за правда го политизираат светиот истражувачки процес во корист на демократите, а против републиканците, што до неодамна беше незамисливо, напиша Трамп на Твитер.
Претходно, Белата куќа соопшти дека Трамп ќе дозволи објавување на доверлив меморандум, подготвен од републиканците, а во кој се обвинува ФБИ дека користи нападни техники за набљудување во истрагата за евентуалното руско мешање во изборите.
Во меморандумот наводно се опишува дека имало пропусти од страна на ФБИ во првите етапи на истрагата за наводната поврзаност помеѓу Трамп и Русите во текот на претседателските избори.
Ново на Сител
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
