Трамп: Договорот ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место
Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени денеска на потпишувањето на договорот за економска нормализација на Белград и Приштина дека беше потребна голема храброст на лидерите на Србија и Косово да го финализираат овој договор, јави дописникот на МИА од Белград.
– Овој договор ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место, изјави Трамп,
Тој потенцира дека овие земји сакаат подобра економска соработка во регионот и изрази верување дека тие ќе напредуваат во не толку далечна иднина.
– Сега е кампања во мојата земја, но ние сме горди што овие двајца големи лидери и нивниот народ се задоволни. Ова е навистина историски ден и ајде да го потпишеме и започнеме овој процес, речеТрамп.
Тој додаде дека Србија ќе ја премести својата амбасада во Израел – во Ерусалим, а Косово дека ќе го признае Израел, како дел од преговорите со посредство на САД.
Специјалниот пратеник на претседателот за мировните преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел рече дека сите се свесни дека процесот е заглавен долго време. – Се боревме за симболични работи, рече Гренел и додаде дека Трамп зборувал од самиот почеток да се покрене економијата.
Тој посочи дека следната година ќе се видат нови работни успеси и работни места.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, попладнево во Вашингтон потпишаа договор со претседателот на САД во Вашингтон за економска нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Ново на Сител
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство