Трамп добил „величествено писмо“ од Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го поздрави, како што рече, „величественото писмо“ кое го добил од кинескиот колега Си Џинпинг, и додаде дека е направен „огромен напредок“ во трговските преговори меѓу двете земји.
Си во писмото оценува дека трговските односи меѓу САД и Кина влегле во „значајна фаза“ изразувајќи надеж дека двете страни ќе ги продолжат напорите со заемно почитување.
Трамп информира дека американски преговарачки тим на почетокот од месецов ќе престојува во Кина, наведувајќи дека до сега не станало збор за продолжување на „трговското примирје“ кое истекува на 1 март.
Претседателите на САД и Кина на 1 декември се договорија додека траат преговорите за решавање на тргвоскиот спор, односно 90 дена, да запрат со дополнителни зголемувања на царините.
Ново на Сител
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
