Трамп денеска телефонски ќе разговара со петмина светски лидери
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој води активна дипломатска политика од стапувањето на должност на 20 јануари, денеска ќе има телефонски разговори со петмина светски лидери, соопшти Белата куќа.
Планирано е Трамп да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, со јапонскит премиер Шинѕо Абе, со автралискиот премиер Малком Трнбул, германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд.
Абе беше првиот странски лидер, кој се сретна со Трамп, по неговиот избор за претседател. Тој го посети Њујорк девет дена по победата на изборите на 8 ноември.
Тие двајца денеска ќе разговараат неколку дена по одлуката на Трамп да ги повлече САД од Транспацифичкото партнерство, спогодба за слободна трговиоја склучена во 2015 година од 12 земји.
Јапонскит премиер изјави дека ќе се обиде да го убеди Трамп во важноста на ова партнерство, но додаде дека ја разгледува и варијантата Токио и Вашингтон да договорат билатерална трговска спогодба.
Трамп утре ќе има телефонски разговор и со Меркел, јавуват германските медиуми кои што цитираат пост на социјалната мрежа Твитер, објавен од портпаролот на Белата Куќа Шон Спајсер.
Извор во германската федерална Влада потврдил дека канцеларката ќе разговара со Трамп но официјално од кабинетот на Меркел нема коментар за најавите од Вашингтон,
Германските медиуми се уште не објавуваат информации за можните теми за кои што ќе се разговара меѓу лидерите на САД и Германија.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани