Трамп денеска со Нетанјаху во Белата куќа за мировен договор за Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, а откако најави мировен договор за Појасот Газа и ветувајќи вето на евентуалната израелска анексија на окупираниот Западен Брег.
-Имаме вистинска шанса да постигнеме нешто големо на Блискиот Исток. Сите се подготвени за нешто посебно. Ќе успееме – напиша Трамп синоќа на неговата платформа Трут соушл.
Ова ќе биде нивна четврта средба од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари 2025 година. Иако американскиот претседател постојано ја нагласува својата поддршка за Израел, неговите предлози за прекин на војната – започната по нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година – често се разликуваат од ставовите на Нетанјаху.
Најновиот американски предлог, кој Трамп веќе му го презентирал на Нетанјаху и на група муслимански лидери, предвидува траен прекин на огнот во Газа, ослободување на израелските заложници, повлекување на израелската војска и идно управување на Газа без Хамас. Според британските медиуми, поранешниот премиер Тони Блер би можел да има клучна улога во транзициската власт.
Прашањето за иднината на Западниот Брег исто така ќе биде тема на разговор.
-Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег. Тоа нема да се случи – изјави Трамп минатата недела.
Од друга страна, екстремно десничарските коалициски партнери во израелската влада инсистираат на анексија како одговор на меѓународните признанија за палестинската држава.
МИА
Ново на Сител
-
Дебарските пожарникари за девет месеци евидентирале 92 интервенции
-
Валверде нема да игра за Уругвај против Доминиканската Република и Узбекистан
-
Руни го критикуваше Салах за настапот на натпреварот со Челзи
-
Ракометната репрезентација доби нов спонзор
-
35-годишна жена нападната од нејзиниот поранешен сопруг
-
Средношколец нападнат од соученик со остар предмет во Кичево
-
Ужас во Кавадарци: Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки
-
Запленети над 1.000 часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ на Богородица, увезени од Кина чинеле 60.852 денари