Трамп денеска полни 70 години и не ја смета својата возраст за слабост
Доналд Трамп - најизвесниот кандидат на републиканците за претседател на САД, денеска полни 70 години и ако победи на изборите во ноември, тој во јануари ќе стане највозрасниот човек досега на таа функција, јави ДПА.
Роналд Реган стапи на должност во 1981 г. само еден месец пред да наврши 70 години. Тогаш тој лукаво и во карактеристичен предизборен манир ги одбегна прашањата за својата возраст.
- Нема да дозволам мојата возраст да постане тема на оваа кампања и нема да ја експлоатирам за политички цели младоста и неискуството на моите противници, рече тој тогаш.
Трамп од друга страна, веројатно и нема да има такви предизвици од својата соперничка. Хилари Клинтон е само една година помлада, и ќе наполни 69 години само неколку денови пред изборите во ноември.
Пред точно една година за Трамп, како претендент, аналитичарите сметаа дека има многу мали шанси, и дека бргу ќе ги напушти прелиминарните внатрепартиски избори. Коментарите беа главно околу тоа дали Клинтон ќе се соочи со далеку помладите, динамичниот републиканец Марко Рубио или пак Тед Круз.
- Очигледната разлика во годините ќе биде неизбежна тема, предупредуваше аналитичарот Џефри Скели.
Сепак новајлијата во политиката Доналд Трамп прекрши доста досегашни шаблони и сфаќања, па сите тие предвидувања паднаа во вода. Тој дури и го нападна младиот Џеб Буш како „нискоенергичен" подметнувајќи слични такви индиректни квалификации и кон Клинтон.
Трамп се обидува да го замени имиџот на воздржан зрел државник, со подиректни политички битки „без многу влакна на јазикот“, користејќи „младешки финти“ и слични тактички удари. Тој има обичај да се истакнува на Твитер и другите социјални мрежи, да се фали колку многу пријатели и „следбеници“ има на нив.
И Трамп и Хилари се присутни во јавноста повеќе десетлетија - Трамп како важен играч на пазарот за недвижнини во Њујорк, но и како ѕвезда од телевизиски реални шоуа, а Хилари - прво како прва дама на САД, а подоцна сенатор и државен секретар.
Ново на Сител
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ
-
Уставен суд: Уставот не предвидува интерпелација на уставните судии
-
Државата за две години потрошила 8 и пол милиони евра само за набавка на нови автомобили
-
Поради строгите правила за приватност Агелер не открива зошто Лимани не доби американска виза