Трамп денеска го исполнува ветувањето: Амбасадата на САД се сели во Ерусалим
- Во Ерусалим денеска ќе биде отворена новата Амбасада на САД во Израел.
Дипломатската мисија, што досега беше во Тел Авив, е преместена во Еруслаим во согласност со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае градот како главен град на Израел.
Се очекува на отворањето да присуствуваат околу 800 гости.
Трамп претходно неколку пати изјави дека би сакал да присуствува на настанот, но подоцна беше соопштено дека тој нема да замине во Еруслаим, а САД ќе бидат претставени од помошникот државен секретар Џон Саливан, придружуван од ќерката на претседателот Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кој е советник во Белата куќа.
Американски владини претставници најавија дека на почетокот персоналот во дипломатската мисија ќе брои најмалку 50 лица. Тој ќе вклучува соработници на амбасадорот Дејвид Фридман и на американските конзуларни службеници, кои веќе работат на теренот.
Отворањето на новата амбасада се случи шест месеци откако Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел.
Израелската Влада ја прифати одлуката со категорично одобрување, а Палестинците, кои сакаат источниот дел на Ерусалим да биде главен град на нивната идна држава, реагираа со негодување.
Генералното собрание на ОН гласаше со големо мнозинство за резолуција со која се критикува американскиот потег.
Покрај отворањето на Амбасадата, планирани се и многу други настани во наредните денови, вклучувајќи ја и прославата на 70-годишнина од создавањето на Израел.
Најавено е дека на присутните на церемонијата на отворањето на Амбасадата, преку видео врска ќе им се обрати Трамп.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет