Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека двојно ќе ги зголеми царините за канадскиот челик и алуминиум од 25 на 50 проценти.
Тој наведе дека зголемените царини, што утре ќе стапат во сила, се одговор на зголемувањето на царините од покраинската Влада на Онтарио на електричната енергија што се продава на САД.
– Му наложив на мојот секретар за трговија да додаде ДОПОЛНИТЕЛНИ 25% царини, на 50%, за целиот челик и алуминиум што доаѓаат во САД од КАНАДА, ЕДНА ОД НАЦИИТЕ СО НАЈВИСОКИ ЦАРИНИ КАДЕ БИЛО ВО СВЕТОТ, објави Трамп на мрежата „Трут сошл“ (Truth Social).
Трамп минатата недела воведе царини од 25 отсто на увозот од Канада и од Мексико, но потоа ги суспендира до 2 април. Тој тврди дека царините се одговор на неприфатливиот прилив на дроги и илегалните мигранти во САД од две соседни земји.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд вчера објави дополнителен надомест за извозот на електрична енергија за 1,5 милиони американски домови и бизниси ,што Онтарио ги снабдува во Минесота, Мичиген и Њујорк.
– Ќе извршиме максимален притисок за да го зголемиме нашето влијание, истакна Форд, додавајќи оти зголемувањето ќе изнесува до 400.000 канадски долари или околу 277.200 американски долари дневно, а американскиот клиент ќе има трошок и од околу 100 канадски долари месечно на сметката.
Тој истакна и дека доколку САД ја ескалира ситуацијата, нема да се двоуми целосно да ја прекине струјата.
Минатата недела Трамп ги зголеми царините за кинески производи од 10 на 20 проценти. Кина вчера одговори со зголемување на царините од 10 до 15 отсто на американскиот извоз на пилешко, говедско и свинско месо, како и на пченицата и сојата
Ново на Сител
-
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од штипско Степанци, велат од ЦУК
-
Врчак: Последната песна со Андреј ја снимивме неколку дена пред да загине
-
Шокантниот пресврт на Трамп со царините ја фокусираше трговската војна на Кина
-
Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови
-
Семејството на Теодора: Зошто иницијативата „Кој е следен“ нема никаков интерес за нашиот случај?
-
Влада: Зголемувањето на платите продолжува
-
Трамп и Путин сакаат Зеленски да си замине: Дали се можни избори додека трае војната?
-
Зеленски: Новите разговори со Американците може да се одржат следната недела