Трамп: Би влетал во училиштето во Флорида дури и невооружан
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна жестоко ја критикуваше реакцијата на полицијата по масакрот во Флорида, изјави дека „дури и невооружан би влетал во училиштето“ ако би бил таму.
- Не знаете додека не се најдете во таква ситуација, но мислам и навистина верувам дека таму ќе влетав дури и да немав оружје, истакна Трамп во синоќешното обраќање до гувренерите на американските сојуни држави во Белата куќа.
Тој додаде дека верува оти поголемиот број од присутните во просторијата би постапиле како него.
Годишниот зимски состанок со гувернерите во Вашингтон беше фокусиран на последиците од масакрот од 15 февруари што се случи во училиште во Паркленд, Флорида, при што загинаа 17 ученици и професори.
Трамп уште еднаш посочи на потребата за примена на новиот закон за контрола на оружјето и за подобрување на безбедноста во учичиштата.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати