Трамп: Атентатот во Париз ќе влијае врз претседателските избори во Франција

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот налог на Твитер напиша дека вчерашниот атентат во Париз ќе изврши големо влијание врз претседателските избори во Франција, пренесе ТАСС.
„Уште еден терористички напад во Париз. Народот на Франција нема уште долго да го трпи ова. Тоа ќе изврши големо влијание врз претседателските избори!“, напиша Трамп.
Американскиот претседател не прецизира кој од кандидатите за претседател на Франција, според него, ќе ја зголеми својата поддршка по атентатот.
Синоќа напаѓач од автоматска пушка отвори оган врз полицајци на парискиот булевар „Шанз-Елизе“. Еден полицаец е убиен, а двајца други се ранети. Напаѓачот е застрелан во престрелката што следела.
Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека се истражува верзијата за терористички напад.
Во недела се одржува првиот круг од претседателските избори во земјата.
Ново на Сител
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
