Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Авганистан дека ако не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на американската војска, „ќе се случат лоши работи“.
- Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија – Соединетите Американски Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Републиканскиот претседател во четвртокот изјави дека Вашингтон се обидува да ја врати базата, која ја користеа американските сили по нападите на 11 септември 2001 година. Вчера, Трамп им рече на новинарите дека разговарал со авганистанските претставници за ова прашање.
Американската војска се повлече од Авганистан во 2021 година, по што Баграм беше преземен од Талибанците.
Авганистанските претставници се спротивставија на можното обновување на американското воено присуство во земјата. „Авганистан и САД треба да работат заедно… без САД да одржуваат какво било воено присуство во кој било дел од Авганистан“, напиша Закир Џалал, функционер на Министерството за надворешни работи во Кабул, на социјалната мрежа „Х“ во четвртокот.
МИА
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска