Тракторист загина во сообраќајка
Педесетгодишен маж од село Горно Оризари-битолско вчера загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Ѓавато-Тополчани, на м.в.„Библикамен“.
Како што соопти МВР, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко“ со тетовски регистерски таблици управувано од З.Т. (49) од Скопје и трактор „ИМТ“ со битолски регистерски таблици управуван од Д.И. (51) од село Горно Оризари-битолско. Во незгодата, возачот на тракторот Д.И. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место, додека возачот на камионот, З.Т. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на десно стапало) и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница-Битола бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавното обвинителство и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор