-->
-->
Тракторист од Кавадарци прегазен од сопствениот трактор
-->
Вчера во 08.50 часот во Полициската станица Кавадарци од Јавната здравствена установа Кавадарци било пријавено дека кај нив бил донесен повреден В.Ј. (67) од с.Сирково.
Во 07.00 часот во нива лоцирана во близина на с.Сирково, додека ја закачувал приколката на својот трактор, тракторот кој не бил закочен почнал да се движи при што В.Ј. паднал од тракторот и бил прегазен. В.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух