-->
-->
Трактор му ги смачка стапалата - скопјанец тешко повреден
-->
Вчера во 18.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, било пријавено дека кај нив бил донесен повреден И.М. (33) од с.Крушопек, кој бил прегазен со трактор во с.Крушопек. Додека И.М. работел на нива во еден момент му изгаснал моторот.
После тоа, тој се симнал и се обидел да го стартува тракторот. Успеал во тоа, тракторот почнал да се движи и го прегазил на двете стапала.
Од страна на лекар на И.М. му била укажана помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Барање за нов мандат
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС