Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот

Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на јунските делите против Белгија и Казахстан во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Во воведните две кола во групата Ј, избраниците на селекторот Благоја Милевски освоија четири бодови, откако триумфираа над Лихтенштајн на гостински терен, а одиграа нерешено против Велс во Скопје.
Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.
„Сега е крајот на сезоната, завршуваме во клубовите, но овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. Можеби е тешко затоа што е крај на сезона, но по овие два меча може да се одмориме. Се надевам на најдоброто. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс“, изјави Трајковски.
Македонија на 6 јуни ја пречекува Белгија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а три денови подоцна гостува на Казахстан.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
