Трајановски во увид на акцијата за расчистување на поплавените подрачја
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски заедно со претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева и советничката во Советот на Град Скопје Елизабета Гиовска, денеска беа во увид на активностите за расчистување на теренот во Смилковци, Црешево, Виниче и во Страчинци.
Во овие села главните пристапни патишта и улици се расчистени, а водата и калта од куќите и од дворовите се исцрпени. Доколку дозволат временските услови, во деновите од претстојниот викенд ќе се спроведе голема акција за тампонирање и асфалтирање на оштетените коловози и нивно враќање во првобитната состојба, информираат од Град Скопје.
Екипите на Град Скопје и на јавните градски претпријатија, противпожарната бригада, армијата, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување, надлежните министерства и државни институции заедно со потребната механизација се деноноќно на терен и ги расчистуваат последиците од големата поплава.
Во селото Смилковци расчистувањето е во напредна фаза. Водата и калта се извлечени од сите куќи, подруми и дворови, а улиците се расчистени и проодни. Денеска во Смилковци интензивно се работи на расчистување на одводниот канал. Градоначалникот Трајановски посети голем број куќи во селото Смилковци и разговараше со граѓаните за нивните потреби и за текот на акцијата за расчистување.
Во селото Црешево во тек е акција за расчистување на последиците од поплавата. Досега се расчистени и проодни поголемиот број улици, а се изнесува и сметот и шутот. Во месноста Црвеника во Црешево, досега се дезинфицирани сите 350 куќи, 31 камион со шут и отпад се изнесени на депонија, а се санираат и потпорните ѕидови. Денеска во Црешево ќе се работи на расчистување на приодите до нивите.
Во селата Виниче и Страчинци денеска се работи на расчистување и санација на главниот пат, како и расчистување на споредните улици.
Ново на Сител
-
Џафери: Албанците систематски се исклучуваат од Министерството за одбрана и Армијата
-
Стручната фела очекува наскоро да профункционира Законот за употреба на македонскиот јазик
-
Обвинителството се уште презема мерки за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина
-
Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол
-
Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп