Трајановски: Во Аеродром ќе се гради ново средно училиште
Изградбата на новo средно училиште на територијата на општина Аеродром е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за наредните 4 години.
Деталите за овој капитален проект денеска на прес-конференција ги соопштиja кандидатите за градоначалници на Град Скопје и општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Ивица Коневски.
- Аеродром е општината со најголем развој во Скопје изминативе неколку години, преку изградбата на неколку нови населби, пред се во околината на Ново Лисиче, како и урбанизацијата долж булеварот „Трета Македонска бригада“ и населбата Стар Аеродром. Ова е и многу „млада“ општина, ако се земе во предвид структурата на населението кое живее тука. Порастот на популацијата во Аеродром го наметна и барањето за изградба на ново средно училиште со гимназиска насока на територијата на оваа општина. Овој проект ќе се реализира во директна соработка со Општина Аеродром и Владата на Република Македонија, а изградбата на истото ќе чини околу 120 милиони денари. Со изградбата на ново средно училиште во Аеродром ќе се подобри достапноста на учениците до училиштата и ќе се унапредат условите во кои учат учениците, а со тоа и квалитетот на воспитно-образовниот процес – кажа Трајановски.
Покрај реализацијата на овој капитален проект, во областа на образованието предвидени се голем број на проекти, каде како најважни можат да се издвојат инвестициите во реконструкции на сите средни училишта, подобрување на условите за физичката настава преку изградба и реконструкции на спортските сали во средните училишта, продолжување на поддршката на талентираните и надарени ученици, како и изградба на нов објект на средното училиште „Кочо Рацин“.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор